Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека на 6 февруари ќе се одржи церемонијата на потпишување на пристапниот документ за членство на Македонија во Алијансата.
-На 6 февруари ќе испишеме историја: Сојузниците на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол со идната Северна Македонија заедно со МНР Димитров, напиша Столтенберг на Твитер.
По ратификацијата на Преспанскиот Договор во Македонија, и потоа во Грција, е отстранета последната пречка за зачленувањето на земјава во Северноатлантската Алијанса, речиси единаесет години по грчката блокада на Самитот во Букурешт, во април 2008.
Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел, во присуство на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Дваесет и деветте амбасадори на земјите- членки ќе го потпишат протоколот, по што Македонија ќе може да учествува во сите „клучни формати” на северноатлантскиот совет.
Comments are closed for this post.