Со 64 гласа  „За“, 14 „против“ и двајца „воздржани“пратениците го утврдија текстот на нацрт-амандманот (35) за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа.

Со нацрт-амандманот 35 се предвидува Македонија да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.Трајче Димков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.

Како и за претходните амандмани и за овој сметам дека нема потреба да постои и да го има. Но овој амандман покажува нешто друго. За се што посакале во преговорите Каменос и Ципрас и неговата влада се добиле. А, нашата влада се прифатила, посочи Трајче Димков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ .

Димков појасни дека оние кои преговарале не ни забележале, нити сакале, нити знаеле што прифаќаат и што менуваат. Ова ја потврдува и неофицијалната информација дека амандманите ги пишувале Грците во Атина, и им ги пратиле на нашите.

Впрочем што значи овој 35-ти амандман Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Под еден со точката еден на овој амандман се надополнува членот 3. И покрај тоа што во Уставот на Република Македонија заведено под број 8-44/1 Претседател, 6-ти јануари 1992 година на Собранието на Република Македонија, Скопје, Стојан Андов. Амандмани 1 и 2 во Уставот на Република Македонија и вели овие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на нивното поднесување. Амандман 1 под еден – Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави, второ Република Македонија може да се менува само со согласност на Уставот, а со принципот на согласност со прифатените меѓународни норми. Со точката број 3, точката 1 овој амандман се надополнува со членот 3, а со точкава 2 се заменува ставот 3 на членот 3 на Уставот на Република Македонија. Амандман 2, Републикава притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Второ со овој амандман се надополнува ставот 1 на членот 49 на Уставот на Република Македонија. Амандманот 35 е целосно непотребен, образложи Димков.