Битола, Струмица, Скопје, Тетово вечерва се најзагадени градови во Македонија, покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина.
Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 21 часот, покажуваат дека во Битола изнесува неверојатни 494 mg/m3, во Струмица 447 mg/m3, а пак во Скопје мерната станица кај Ректорат покажува високо присуство од 418 mg/m3, концентрација на ПМ10 честички.
Според апликацијата „АирВизуал“ каде синоќа Скопје се најде на првото место, вечерва сме на 10-то. Истата апликација покажува дека расчистување на воздухот ќе има од среда.
Денекса Министерството за животна средина информира дека во Битола, Тетово и Струмица прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат и издаде препораки и мерки за справување со проблемот.
Comments are closed for this post.