Македонија денеска гласа на шестите претседателски избори по ред  на кои треба да избере петтиот претседател.

Ова се првите избори по стапување на сила на Преспанскиот договор со кој е решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го добива името Северна Македонија.

Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.

За избор на нов претседател право на глас  имаат 1.808.131 гласач.

1.726.696 граѓани ќе можат да гласаат денеска, а останатите, кои се на посебен избирачки список и своето гласачко право можеа да го остварат вчера.

Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.