Македонија е на шесто место според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19 во однос на населението. Албанија е на четвртото место, по Азербејџан, Босна и Херцеговина и Бугарија. Според извештајот на американски институт за процена на здравјето „Health Data“, Македонија пријавила двојно помалку починати од Ковид од реалната бројка.
Податоците ги објави „Health Data“, американски институт за процена на здравјето. Според извештајот, Албанија има вкупно 529 смртни случаи на 100 илјади жители, за периодот март 2020 година до мај 2021 година и е рангирана на четвртото место меѓу 20-те земји со најголема реална смртност од Ковид-19, пренесува агенцијата Балкан веб.
Comments are closed for this post.