Претставници на иницијативата „Македонија блокира“ денеска најавија дека од петок ги прошируваат своите активности со блокирање на раскрсници во главниот град Скопје. Повеќе детали не открија, туку само дека блокадите ќе се одржуваат во поладневните часови.

Од Македонија блокира на прес конференција, со име и презиме ги посочија учесниците во петдневната дебата за нацрт-амандманите за измени на Уставот и сметаат дека дебата нема да има, туку дека тоа ќе биде монолог и како што потенцираа уште една голема измама на Владата.

„Македонија блокира“ од 1 декември започна со 24 часовно блокирање на дел од булеварот пред Собранието на Република Македонија.