Секоја држава, која пристапува кон Европската унија, знае дека освен големите придобивки, треба да направи и нешта, кои не се пријатни и лесни. Во случајот со Македонија тоа е спогодбата за името, истакнала Весела Чернева, заменик-директор на Европскиот совет за надворешна политика и директор на Софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешна политика, која во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“ организирала дебата на тема „Европската и бугарската гледна точка кон референдумот во Македонија“.
Гостувајќи во емисијата „Хоризонт“ на БНТ, Чернева додала дека кулминацијата на ситуацијата во Македонија се очекува во наредните неколку дена или во текот на идните недели.
Ако Македонците не можат да ја донесат таа одлука, тоа исто треба да стане јасно, зашто треба да можеш да го избереш својот правец. Тоа е важен момент за тоа за каков идентитет навистина говориме, зашто многу често ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека прашањето за идентитетот е премногу сложен за да биде решен со референдум. Да, така е! Но, ако има европски идентитет за Македонија, Македонците треба да го заштитат и да покажат дека тој е оној што преовладува“, изјавила Чернева.
Според неа, ставот на официјална Софија да не се меша во внатрешните работи на Македонија бил легитимен со оглед на опозициските обвинувања дека владата на Заев безмалку им слугува на бугарските интереси. Наспроти тоа, истакнала Чернева, ако Македонија ја пропушти шансата за договор со Грција околу името, тоа може да се одрази на целиот регион.
Comments are closed for this post.