Пинета Секондо, 26-годишното момче коешто исчезна на почетокот на декември, а подоцна беше најден убиен, ќе биде погребан во Италија. Ова го соопшти неговата мајка, Маја Трпковска, која вели дека се уште не се знае точниот датум на погребот и дека целото семејство е во многу лоша состојба.
Очајната мајка побара најстрога казна за убијците на нејзиното дете. Таа преку фејсбук се обрати кон јавноста, очекувајќи убијците да добијат доживотен затвор.
А.Ѓ. со нејзиниот помошник што го имаат убиено моето дете да добиат нај голема казна! Доживотен затвор!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат – напиша мајката на Пино.
Благодариме на сите за подршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА…
Posted by Maja Trpkovska on Friday, May 31, 2019
Мотивите за убиството на 26-годишниот Пино се уште не се познати. Осомничени се 27-годишен жител на Скопје кој е во бегство и неговата девојка која од вчера се наоѓа во притвор.
По Пино се трагаше цели 6 месеци. Дури вчера полицијата соопшти дека телото кое пред околу три недели беше пронајдено во близина на Скопје е на исчезнатото момче.
Comments are closed for this post.