Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 100 – 120 метри има на планинскиот превој Стража, информира ЈП Македонија пат.

Од таму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот и посочуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуват низ клисурите.

Од АМСМ, пак, информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на потопол влажен бран од денеска кон крајот на денот, најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од земјава ќе има врнежи од дожд. Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови каде ќе наврнат над 40 литри на квардратен метар. За в среда пообилни врнежи од дожд се очекуваат во источните делови од земјава, каде локално ќе бидат поројни.