Пожарот кај скопското село Љубин, што избувна на потегот кон село Рашче во Општина Сарај е 70 проценти локализиран, вели командирот на Противпожарната единица на град Скопје. Во гаснењето на пожарот бил вклучен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со пожарот е зафатена голема површина со сува трева и борова шума.
„Кај што можеа да влезат противпожарните екипи, на некои места тоа изгледаше и невозмошно, се интервенираше и тој е локализиран. Останува уште еден дел непристапен за нас, а за кој се вклучи и авион од ДЗС којшто веќе интервенира, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Противпожарната единица на град Скопје.
По избувнувањето на пожарот на терен интервенираат пет возила и 25 пожарникари од Противпожарната единица на град Скопје. Оттаму апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.
Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума.
Comments are closed for this post.