Случајот „Рекет“ ја разоткри најголемата криминална мрежа во Македонија, каде што се вмешани врвот на Владата, пратеници, министри, обвинители, исто така и истражители. Сите се дел од мрежа преку која рекетирале милиони евра и уценувале политички неистомисленици.

Зоран Заев во својата изјава кога кажа дека нема намера неговата влада да ја бутнат криминалци и суетни новинари, тој самиот за Катица Јанева изјави дека правела идиотски постапки, согласно доказите што тој ги имал.

„Потенцирам, Зоран Заев имал докази во врска со случајот „Рекет“ и изјавува дека Катица Јанева правела идиотски постапки. Како е можно Премиерот на државата кој не треба да се меша во судската власт да поседува докази кога и тој самиот може да биде осомничен според видео снимките кои ги виде целата јавност каде што и самиот тој ја споменуван од осомничените?, праша денеска Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.