Секој инволвиран во случајот „Рекет“ ќе биде сослушан, изјави за „Независен весник“  државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Јовески вели дека истрагата работи на обезбедување докази, по што ќе нема поштеда за никого.

Како што е познато, во тек е истражната постапка за овој случај. Истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да се обезбедат доказите и за да се утврди вистината според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот. Уште еднаш истакнувам дека обвинителството постапува неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан и испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе се донесе јавнообвинителска одлука, изјави Јовески.