За само две три недели специјалната овинителка Катица Јанева излезе со две сосема спротивни изјави поврзани со случајот „Рекет“. Кога се појави аферата таа излезе на прес конференција и  рече дека била злоупотребена од лицето Бојан Јовановски .

Но ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност и овластување за евентуално да остварува привилегии и да презема незаконити дејствија-велеше Јанева на 22 јуни.

Денеска пак Специјалната обвинителка излезе со соопштение откако за прв пат и нејзиниот глас се слуша во објавените видеа од весникот „Ла верита“.

Таа вели дека како Специјален јавен обвинител имала обврска да контактирa со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство за да извлече што поголем број на инфорамции.

Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина-истакнува Јанева денеска.