Денеска имавме кратка средба на која дискутиравме како ќе настапуваме во иднина, но со оглед дека отсуствуваа неколкумина колеги, решивме конечната одлука да ја соопштиме до петок, изјави за Пресинг Тв, пратеничката Емилија Александрова.

Александрова е една од осумтемина пратеници, кои гласаа „за„ уставните промени согласно договорот со Грција, поради што беше исклучена од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба да одлучат дали сега ќе формираат посебна пратеничка група.

На прашањето колку се точни шпекулациите дека би можеле да се приклучат на ВМРО-Народна партија, Александрова беше децидна:

Тоа никако. Ние сме членови на ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме да надвладее разумот, наместо емоциите.