На социјалните мрежи се појави листа на сведоци кои ги повикува бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски во случајот Меѓународен сојуз“.
На листата се наоѓаат триесетина политичари, бизнисмени, новинари кои и и досега се поврзуваа со Јовановски во претгходниот случај „Рекет“.
Меѓу најзвучните имиња се лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, неговиот брат, Вице, братучедот Трајче, потоа Александар Кирацовски кој беше често во друштво со Боки, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, министерот за транпорт Горан Сугаревски.
Потоа директорката на УЈП Сања Лукаревска, премиерот Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Шилегов, како и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.
На листата на сведоци се повикани и бизнисмените Орце Камчев и Силјан Мицевски. Треба да се појави и судијката Агапи Дика како и пријателката на Боки текстописецот Марина Туцаковиќ.Повикан е дури и новинарот од неговата телевизија Александар Кабранов.
Случајот „Меѓународен Сојуз се започна бидејќи дел од обвинетите бараат изземање на обвинителката Вилма Рускоска.
Comments are closed for this post.