Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова денеска се појави во Кривичниот суд каде денеска се одржува рочиштето за случајот „Титаник“, а обвинението го застапува токму таа.

На новинарско прашање, дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што тоа го направи Катица Јанева со Орце Камчев и на тој начин да го убедува да стане сведок во други истраги, Стефанова одговори дека не е експерт за криминал.

На прашањето дали ја изневериле јавноста, обвинителката одговори дека за се ќе мора да ја прашаме нејзината шефица во заминување Катица Јанева, пренесува ТВ 21.