Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од Косово и Албанија, поради измама.

Во мај, пред две години, пријавените со лажно прикажување на факти довеле во заблуда четири лица од тетовското подрачје, на кои им се претставувале како лица на кои им се потребни парични средства за лекување, посредување за добивање на работни виза или продажба на возила, јави МВР.

Од лицата тие одземале пари и не им ги враќале. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 984.000 денари.