Откако Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски најави тужба и за партијата Левица од таму се јавија со реакција.

„Тужи нѐ слободно, веројатно побрзо ќе напишеш тужба од твојот втор докторат“, му порачаа од Левица на  Рашковски, откако тој вчерамеѓу субјектите што ќе ги тужи за клевета по објавувањето на аудио-снимката поврзана со тендер на МНАВ ја наброја и оваа партија.

Понатаму во реакцијата од партијата се додава:

„Нема да си ниту прв, ниту последен! Нека види народот дека кога вистината и обединетоста е на негова страна, силата на елитистичкото бизнисменско малцинство не му може ништо! Биди немилосрден, бидејќи кога ќе дојде нашиот ред, нема да се извинуваме за народната немилосрдност кон тебе!”, велат од Левица.

Од таму велат и дека СДСМ е тендер-партија, чии денови на владеење, се избројани после флагрантното негирање на волјата на народот на референдумот за промена на името.