Собранието не е блокирано, Собранието е нефункционално. Односно имаме нефункционално мнозинство. Кога станува збор за блокада, можат да се блокираат одредени закони кои што претставуваат акти, можеме да имаме блокада на определени акти, а ние како ВМРО-ДПМНЕ од 297 закони до сега сме пристапиле кон т.н. блокирање ајде да кажеме на помалку од 8 или 9 такви закони. И тоа е помалку од 3% од вкупниот број на акти кои што се наоѓаат во Собранието. Значи Собранието не е блокирано, блокирани се актите и треба да правиме разлика помеѓу акт и Собрание како државен орган. Петтиот пакет мерки не е блокиран , и имавме јасна понуда не двајца пратеници, 44 пратеници од цела опозиција ќе застанат и ќе направат мнозинство во Собрание доколку се направи специјална седница која што ќе биде посветена на петтиот пакет на мерки“,истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Лефков додаде дека дополнителен факт е што пакетот мерки поминува на Влада на 16.02.2021, се доставуваат во Собрание на 19.02.2021. А, неколку дена подоцна односно на 03.03.2021 мнозинството одржува седница во Собрание во која што се гласа доверба на владата на Заев.

Ја пропуштија приликата на 03.03.2021, но еве ние како опозиција им даваме уште една можност, а зошто владиното мнозинство не ја прифаќа не знаеме, рече Лефков.