И денеска сме овде пред Министерството за здравство. Со денови барамe декласификација на документите на вакцинирани, а Филипче бега. Самиот факт што бега, говори дека си ја има „мувата на капата“. Не смее и не може додека докторите се борат за нашите животи деноноќно, некој друг да се вакцинира преку ред, изјави денеска за медиумите, Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
– Наместо примарна заштита на лекарите и медицинскиот персонал, ние имаме вакцинации како таа на секретарот на струшката болница, кој се вакцинираше преку ред. Колку уште такви случаи има и кои имиња се кријат? Филипче, дали е вистина дека се прават списоци за приоритетна вакцинација на лица од власта и од СДСМ, прашува тој.
– Филипче, уште колку време мислиш дека ќе криеш кој се вакцинирал преку ред. И да не кажеш сега, наскоро по промената на власта ќе се отвори документацијата и се ќе биде објавено јавно. А тогаш нема да ги имате ниту институциите кои ве штитат, ниту блокадата во медиумите кои ја создаваат од Владата. Се ќе излезе на виделина. Сите вакцинирани преку ред ќе се дознаат. Ќе одговарате за секој прерано згаснат живот, додаде тој.
Comments are closed for this post.