По скандалот со Павле Богоевски, ЛДП најавуваат дека ќе иницираат донесување на Закон за легализација на марихуана за општа употреба, но тврдат дека тоа нема поврзаност со пратеникот.

Како што рече пратеничката Јулијана Николова, ова законско решение ќе го иницирале со цел сите во општеството да имаат еднаков пристап.

На прашањето зошто токму сега иницираат легализација на марихуаната по скандалот со Богоевски, Николова образложи дека нема поврзаност со настанот и дека на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здужението „Билка“.

Во меѓувреме пратеникот од ДУИ, Артан Груби најави дека и тие ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, за контрола дали некој користи наркотици, но и учество во криминал и корупција.

Ние оваа иницијатива ја почнуваме од нашите редови во ДУИ и сакаме да ја предложиме на Собранието, а очекуваме и поддршка од граѓанскиот сектор и медиумите. Секој кој врши јавна функцикја треба да подлежи на овој тест и ние очекуваме поддршка од сите кои се искрени“, рече Груби, но не одговори дали Богоевски треба да ја напушти функцијата поради скандалот.