Ана Камчева објасни дека на една од средбите што ги имал со Бојан Јовановски во неговата канцеларија во 1ТВ и кажал дека на нејзиниот сопруг му се случува тоа што му се случува затоа што ги одбил проектите за изградба на старечки дом и моден центар.

Камчева се потсети дека кога влегла во канцеларијата на Боки таму седело едно смеѓо момче и работело на компујтер. Боки и го претставил дека тоа е Лазар, синот на Катица Јанева.

Ана рече дека Лазар било планирано да биде директор на модниот центар што Јовановски планирал да го гради.