Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од денешнат трибина во Охрид во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“ на власта им порача дека им дојде крајот и дека Социјалдемократскиот сојуз е развластен, а ДУИ ќе оди во опозиција.

Додаде дека навистина му е драго што со еден чекор, со само една средба се видоа вистинските лица на многумина, за што можам да кажам дека долго, навистина макотрпно разботел тој и неговите луѓе да ги извадат на чистина.

Мицкоски истакна дека луѓето од власта се собраа на клопчето од стратегијата која имаше и каде успешно загризаа на темите кои што тој ги наметна во јавноста.

„И сите еден по еден, едно цело купче се собраа во клопчето од страт

Многу ми е драго, рече Мицкоски, што вечерва имам можност да се обратам и да ви ги соопштам овие важни вести кои што произлегоа од лидерската средба, меѓу кои и тоа што Димитар Ковачевски за брзо ќе си оди од премиерската фотеља.

„Ковачевски за брзо ќе си оди од Премиерката фотелја. Дури денес свикува некои органи и тела во партијата да ги разгледа идеите на лидерската средба кои веќе еднаш ги одби. Но народот вели подобро некогаш да се сети, отколку никогаш“, потенцираше Мицкоски.