Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Ковачевски порачува дека „континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Македонија да создадеме европска и напредна држава“.

-На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги спомнуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност. Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Македонија да создадеме европска и напредна држава. Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат и да обезбедиме прогресивна иднина за нашите деца. Нека е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, наведува премиерот во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.