Владата на денешната седница донесе одлука да разреши или да отповика или да препорача разрешување или отповикување на 70-тина директори на државни институции и компании и членови на совети и на управи.

На седницата, Владата донесе одлуки и за препораки до управни и надзорни одбори за избори на нови членови, па така на надзорниот одбор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за нов директор. Ковачевски е поранешен пратеник и актуелен директор на РЕК Битола. Тој доаѓа на местото на Драган Миновски.