Премиерот Димитар Ковачевски на барање на дописничката на МИА од Брисел да го искоментира денешниот твит на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји со кој објави дека во преговарачката рамка влегуваат сите барања на Бугарија, одговори дека не го видел тој твит.

„Не отворам твитер кога сум службено ангажиран. Можеби можам подоцна да ви одговорам на ова прашање“, одговори Ковачевски на заедничката прес-конференција со Еди Рама и Александар Вучиќ.

Потоа додаде:

„Да се праша можеби тој што го пишал твитот што значи тоа“.