Портаролот на СДСМ, Костадин Костадинов не одоговори директно зошто за власта е неприфатливо во Собранието да се формира Анкетна комисија која ќе го испита работењето на СЈО.Костадинов вели дека ВМРО-ДПМНЕ никако не се откажува од штитењето на криминалците и криминалот во нивните редови и оти ова е очаен обид да се спасат.
Нашиот став е јасен ,дека одговорност мора да има за секој којшто во постапка ќе се утврди дека ги прекршил законите истото важи и за ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на анкетната комисија кажавме го знаете нашиот став и сметам дека навистина време е ВМРО-ДПМНЕ да се огради од намерата да си ги амнестира криминалците и криминалот во своите редови и сите ние да се ставиме во функција на правната држава и на правото во Република Северна Македонија.
Comments are closed for this post.