СДСМ продолжува со промените и со зајакнувањето на капацитетите што се во интерес на граѓаните и имаат за цел забрзување на напредокот. Последните промени во партијата и во Владата се нова енергија, што треба да дадат дополнителен импулс во реализација на мерките што носат дополнителни придобивки за граѓаните, рече денес на прес-конференција Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ.

Тој додаде дека како одговорна, државотворна партија им се дава шанси за младите.

СДСМ е препознаена како партија носител на промените, отворена за сите млади и докажани луѓе кои сакаат да се вклучат во процесот на реформи.

Пораката е јасна и недвосмислена: СДСМ отвора простор за сите кои сакаат и можат, преку сопствен пример да дадат придонес во процесот на развојот на целокупното наше општество.

Од друга страна, тоа не е случај со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во белиот дворец остануваат заглавени во деструктивната матрица и во одбрана на криминалот и антидржавно однесување. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија продолжува да работи исклучиво по насоките од Будимпешта и осудениот криминалец во бегство Никола Груевски“, истакна Костадинов.