Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води ново Јавно обвинителство за организиран криминал не е одлука на политичарите. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и беше прифатено“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност пред граѓаните и државата.
Јавноста знае дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители. Предлог законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство. Тоа е значајно за правдата, за државата, за реформите“, рече Костадинов.
Тој потенцираше дека секој за кој, во постапка ќе се утврди дека работел спротивно на законските мора да одговара.
Comments are closed for this post.