Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани во земјава откако ќе бидат завршени сите законски процедури на Косово.
Мустафа по денешната оперативно-тактичка вежба „Плен“ во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и оти Демити и Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани откако ќе се завршат процедурите во косовското Министерство за правда.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава
Comments are closed for this post.