Сите правни лица( сопственици) на јавни објекти да го исчистат снегот пред своите објекти, апелираат од град Скопје.
Комуналните инспектори и редари на Град Скопје денеска се на терен каде доставуваат известувања до сите сопственици и корисници на деловни простори, колективни и индивидуални станбени објекти, дека согласно Законот за јавна чистота се задолжени да го исчистат снегот пред нивните објекти.
Во спротивно ќе се постапи по Законот за јавна чистота член 37 кој гласи “Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект”, информираат од град Скопје
Comments are closed for this post.