Од навивачката група „Комити“ реагираат до јавноста дека денеска биле спречени да влезат во дворот на црквата Свети Спас во Скопје со цел да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Како што пишуваат „Комити“ во реакцијата, пред влезот на црквата ги пречекало бројно полициско обезбедување, коешто не им дозволило влез со образложение дека имало најавено присуство на странски делагации и висока бугарска делегација па со цел да се избегнат инциденти тие морале да причекаат надвор од црквата.

Ние не сме пропушиле ниту една година да изразиме почит на истото место во исто време како на овој ден така и на 4 Мај, и досега никогаш не се случил ниту еден проблем ниту опструкција. Доаѓале и предходно странски делегации, амбасадори, политичари како и почитувачи на ликот и делото на Гоце Делчев, и секогаш со респект и воодушевување сме гледале кон сите нив бидејќи изразуваат почит кон револуционер, идеен деец и великан кој животот го дал за својата земја Македонија!
Прашуваме отворено зошто некој би имал индиции или сомневање дека оваа година би било поинаку, и зошто би имало инцидент со Бугарски политичари или делегација кои се поклонуваат на гробот на херој кој го посветил и на крајот положил животот за Македонија во нејзините природни историски и етнички граници? – прашуваат „Комити“ во реакцијата.

Истопвремено, од навивачката група реагираат дека поради тоа што биле третирани како раѓани од вор ред и морале однапред и специјално да најават доколку сакаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, уште од сега го најавуваат присуството на 500 припадници на групата коишто ќе го посетат гробот на Гоце Делчев за 4 мај.

Денес бевме во црквата Свети Спас да положиме цвеќе и да се поклониме на гробот на нашиот великан Гоце Делчев.
За…

Posted by Komiti Skopje on Monday, February 4, 2019