Полека но сигурно се открива октоподот од фирми, функционери и ликови околу Артан Груби. Затоа Груби е толку нервозен и затоа се заканува и навредува. Но граѓаните веќе не му веруваат. Груби е прочитан буквар, ама затоа од скандалие врзани за неговото име може да се напише книга со обем на “народен кувар“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Последниот во низата на скандали кој ВМРО-ДПМНЕ го обелодени е повторно врзан со Мерита Мустафи, директорката од Бирото за метрологија. Тоа е истата онаа директорка која и даде акредитација на компанијата во сопственост на лицето кое работело како шалтерски вработен во семејната туристичка агенција на Груби. Тоа истата таа која има непријавена хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2. Мерита Мустафи очигледно е човек од доверба на Груби.
Верувале или не, токму омилената директорка на Артан Груби платила 600 илјади евра за комбе.
Мустафи од Бирото за метрологија во 2019 година набавила подвижна лабораторија по цена од 600 илјади евра, три пати повисока од цената по која иста таква лабораторија од истата компанија му била понудена на Државниот пазарен инспекторат. Дополнително оваа подвижна лабораторија се покажала како нефункционална и нејзината опрема била извадена и стационирана во објектот на институцијата. Со други зборови преплатила по изгор скапа цена подвижна лабораорија, за да после од опремата направи фиксирана лабораорија. Откако ја извадиле опремата испаѓа дека Мустафи платила 600 илјади евра за комбе. Но Мустафи очигледно се охрабрила од ваквата скандалозна набавка, а можеби имала и директна заштита од Груби, па во 2022 година реализирала уште две сомнителни набавки, и тоа опрема за испитување на мазут од 416 илјади евра, и опрема за верификација на гас од над 1 милион евра.
За три години директорката од Метрологија, Мерита Мустафи, блиската соработничка на Груби, потрошила неверојатни 2 милиони евра за три сомнителни набавки. ДКСК и ОЈО треба да се позанимаваат со овој скандал, бидејќи може токму тука се крие и одговорот на тоа како е изградена хациендата на Попова Шапка која се крие во анкетниот лист.
Comments are closed for this post.