Меѓусебната соработка и учеството на заедничките активности на Армијата на Република Македонија и командата на силите на САД за Европа и Африка, ќе бидат дел од темите за разговор на нашиот државниот врв со командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи кој денеска е во официјална посета на Македонија.

Од Генераштабот на Армијата, информираат дека за време на престојот, генералот Каволи ќе има  издвоени средби со претседателот, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На средбите меѓу другото ќе се разговоара и за тековната вежба „Одлучен удар 21“, која е дел oд „Defender Europe 21“ организирана и предводена од оваа команда на Вооружените сили на САД.