Додека Филипче држи банални и бледи прес-конференции и си продолжува со портпаролска работа, граѓаните умираат дома или по пат до болница, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешното обраќање на министерот за здравство.
Филипче ветуваше монтажни болници, за да денес граѓани се лекуваат сами по дома, по ходници и дворови на болниците.
Срамота, во 21 век граѓаните се третираат како робови, а преку ред се тестираат функционери“, нагласуваат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се доведени во состојба ако сакаат да се тестираат од Ковид-19 да дадат пари по приватни лаборатории, а ако немаат пари да умираат, бидејќи во јавно здравство нема термини за тестирање.
Од таму порачуваат и дека колку повеќе Филипче седи на министерско место, толку повеќе штета ќе им биде нанесена на граѓаните.
Comments are closed for this post.