Македонија и Велика Британија постигнаа договор за стретешко партнерство вреден 6 милијарди евра. Парите ќе бидат искористени за модернизирање на желензницата од Табановце до Гевгелија, како и за изградба на болници во Штип, Тетово и Кичево.
И она што е најважно, дека двете земји заедно ќе се борат против шверцот со мигранти. Значи ќе се борат, а не дека Британија ќе праќала мигранти во Македонија.
И сега што правиме вистиномери, фејкњузери и проверувачи на факти. Вистината е како шило, нели. Aјмооо еден протест во шест пред британска амбасада, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Се сеќавате ли на ова историско НЕ што им го кажа Ковачевски на Европските лидери за Францускиот предлог во стилот на Тито на Сталин.
Таче беше решен да не прифати ултиматуми. Нема врска , блефирањето му траеше два три дена и однеднаш изјави дека прифаќа модифициран француски предлог кој во суштина беше ист само малку нашминкан.
И во едната и во другата верзија, Таче и другар му Бујар прифатија да направат уставни измени и да ги внесат Бугарите во Устав иако знаеја дека немаат двотретинско мнозинство. И уште прифатија Договорот за добрососедство да ни биде услов во преговорите од историја до географија. И уште не убедуваа дека ова е добар предлог.
Колку беше добар овој предлог не потсети претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Тој среде Скопје ни порача дека она што е договорено во 2022 година мора се исполни. Тој многу ја разбирал нашата болка и фрустрација, но ете што се мора се мора, се коментира во колумната.
Ништо не се мора. Премиерот Мицкоски, за разлика од лигавењето на Таче, Заев и Османи беше јасен дека веќе не верува на слатките бриселски зборови и нема менување на Устав додека нема јасни гаранции од Бугарија дека ова е последно барање.
Дека Европската Унија не е за верување доказ е и пресудата на Европскиот суд за првиот човек на Европската комисија Урсула Фон дер лајен,.
Е таа Урсула, на Ватсап и на приватниот Мејл Урусула мајмунче Јаху.ком со директорот на Фајзер си договарала набавка на вакцини од неколку милијарди евра.
И оваа ќе ни зборува за корупција
Одиме на домашен терен. Арбен Таравари си замина од министерската функција без сиктер кафе.
И онака ќе му преседнеше. Tреба да си навистина талент за политика или да си го имаш дадено задникот под кирија да останеш ем без министерска функција ем без најмалку тројца пратеници кои најавуваат дека не сакаат да бидат слуги на Ахмети.
Е тој Ахмети, новиот коалициски партнер на Таравари, вели дека Албанец требало да биде гувернер на Народната банка.
Па има ли подобар предлог за гувернер од самиот Ахмети. Барем тој со личен пример покажа како се бројат пари, европски се разбира. За ДУИ е прифатл
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.