Сопругите на Веља Невоља и Марко Миљковиќ, Бојана Беливук и Тања Миљковиќ по сослушувањето во Обвинителството беа ослободени.
Освен нив денеска се приведени и свекрвата на Беливук и невенчаната сопруга на Maкедонецот Филип Ивановски.
Обвинителот донесе наредба за спроведување истражна постапка против сите лица.
Според МВР, тие од 2015 година до почетокот на 2021 година се товарат дека на легални патишта ставиле повеќе од еден милион евра од криминалните активности на Беливук, Миљковиќ и други членови на нивната организирана криминална група.
Осомничени се дека уплатиле пари на повеќе банкарски сметки и купиле станови на територијата на Панчево и Белград, кои биле регистрирани на имиња на други лица кои биле поврзани со нив.
Comments are closed for this post.