Премиерот Зоран Заев очигледно дека ниту сопствената влада не ја известува за одлуките кои ги носи во проблемот со Бугарија. Контрадикторни и неусогласени се неговите изјави со владините соопштенија во однос на тоа што е договорено и дали постои Акциски план кој треба да се спроведе, пишува порталот Вечер.мк.

Според премиерот Заев, Акцискиот план е готов и следи негова имплементација, но од владата изгледа не знаат за тоа, па сметаат дека допрва треба да се одлучи каков Акциски план ќе се спроведе.

Вчера премиерот Заев рече дека преговорите се завршени и следува имплементација на Акцискиот план, иако се уште крие од јавноста за каков план се работи и што содржи истиот.

-Процесот на официјални преговори заврши. Јас верувам дека следува реализација на Акциониот план, а веднаш после изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политичките основи, затоа што секогаш пред избори навистина е нерационално и непродуктивно да се преговара за политички теми, изјави Заев за медиумите.

Но, изгледа не крие само од јавноста, туку и од сопствената влада и МНР од каде што велат дека допрва треба да се усогласат ставовите со Бугарија.

-Известуваме дека во разговорите со Бугарија до овој момент постојат два предлога за Акциски планови, наменети за поефикасна и структурирана имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година: еден, како првичен предлог од страна на Македонија и вториот, како предлог од страна на Бугарија. Засега сѐ уште не е усогласен единствен Акциски план, а на негово усогласување ќе се работи во претстојниот период, соопштија од МНР за јавноста.

Oд ова може да видиме дека според Заев има Акциски план, а според МНР се уште нема. По се изгледа дека премиерот самиот веќе договорил со Борисов што треба да спроведе и како и за се досега без да се консултира со никого, без да добие дозвола има прифатено работи кои може да донесат голема штета за државата и македонските национални интереси.

Дека со право постои тој сомнеж за таква штета е и самото криење на тој фамозен Акциски план, односно на неговата содржина, но и фактот дека Бугарија не отстапува од своите поставени услови.

Така, знаејќи дека Бугарија има усогласени државни линии, кои дури се изгласани во нивниот Парламент, во Македонија тоа не е случај, Заев ниту опозицијата ниту граѓаните ги известува, не пак да побара да се донесе заеднички став, а како што гледаме тоа не го прави ни со неговата влада.

Доколку тој план кој треба да се спроведе беше добар за државата и граѓаните, триумфално ќе го имаа објавено па не е исклучена ниту спектакуларна прослава имајќи предвид како досега постапуваат и како најмногу се посветени на пи ар, наместо работа. Но, штом го нема тоа, а имајќи го искуството од изминатите години, може да очекуваме дека црно и се пишува на Македонија со тој план. Бугарските услови се јасни, прифаќање дека македонската историја и јазик пред 1944 година дека се бугарски, откажување од македонското малцинство во Бугарија, но и откажување од придавката „македонски“. Тоа ни кажува дека голема е веројатноста да се од ова е прифатено од страна на Заев, а наскоро следи само негова имплементација, секако на штета на државните и национални интереси.