Дали падот на владата на Зоран Заев може да почне од Тетово? Вакво прашање се наметнува гледајќи ги резултатите од изборите во Тетово. Таму очекувано во вториот круг одат кандидатот на ДУИ, актуелната градоначалничка Теута Арифи и лидерот на Беса Билал Касами. Ова не било ништо невообичаено ако не се знае дека и ДУИ и Беса се коалициски партнери во владата.
По редот на нештата нормално е СДСМ да поддржи коалициски партнер во владата, но сега прашањето е кого. ДУИ или Беса?
Анализрајќи ги резултатите, Теута Арифи освои нешто над 11.138 гласови, додека Касами 10.496.. Значи разликата е само 642 гласови.
Во таква ситуација одлучувачки ќе бидат гласовите на останатите кандидати на Вулнет Мурсели од Алијанса и Алтернатива кој освои над 6000 гласови, и на Сади Беџети од ДПА кој осови над 3.800.
СДСМ исто така имаше свој кандидат Хамдија Елезовиќ која зеде 2373 гласови како и Интегра која освои речиси две илјади.
Какви се математиките
Ниту еден од двајцата кандидати не може да победи без поддршка од останатите партии. Но, кого ќе повика Заев да поддржат неговите гласачи во ситуација кога и Беса и ДУИ ги има во владата која и онака се држи на „килави“ нозе и може во секој момент може да падне. За Албанците Тетово е поважно од било која влада и затоа лесно би ја турнале за да го имаат под свое „главниот град на Албанците“ како што го нарече Артан Груби.
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски е убеден дека Заев директно нема да ги повика граѓаните да поддржат ниту еден кандидат туку ќе им остави на сопствен избор.
Ако рече гласајте за кого сакате Билал Касами губи бидејќи ќе ги имаат и гласовите од ДПА кои не се малку. Единствена шанса Касами да стане градоначалник е договор со Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ. Бројот на гласови на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ покажува со колку гласови располага опозицијата во Тетово, плус оние на Интегра-анализира Божиновски за „Пресинг ТВ“.
Бујар Османи пак вели дека во Арифи имаат добар кандидат и очекуваат победа без ничија помош.
Гласачите не можат да бидат насочувани од партиите во поголем степен, Гласачите се еманципирани во Тетово. Затоа и имавме градоначалничка во Тетово. Алијанса имаа лош кандидат, а граѓаните знаат, сега се се сведува на профилот на кандидатот и очекуваме дека Арифи ќе добие. Да, сме разговарале со СДСМ, но пред избори се договоривме дека сами ќе излеземе на избори и ќе оставиме граѓаните самите да одлучат- вели Османи.
Comments are closed for this post.