Бурен ден е денеска во Собранието.Откако пропадна координацијата со координаторите на партиите, спикерот Талат Џафери се обрати на јавноста. Тој побара од опозицијата да обезбеди кворум за работа на Собранието.
Да добро слушнавте, владејачкото мнозинство ја моли опозицијата да создаде кворум Собранието да почне да работи и да донесе некој закон. Ова во парламентарната демократија не е забележано бидејќи власта е таа што треба без проблем да го свика Собранието.
Но, тоа не е случај со Македонија.Кај нас, ем што власта има „стаклени“ 62 пратеници па и тие не може да ги собере.
Причини има неколку Кавгата во ДУИ и тоа што немаат контрола на неколку пратеници околу Изет Меџити.Втората причина е короната и тоа што неколку пратеници се позитивни или се во изолација.
Во таква ситуација Џафери реши да не свикува седница и дека немало да ги прифати барањата на опозицијата.
Од денеска натаму нема да ризикувам да свикувам седница на која ќе дојдат 60 пратеници, во салата, а другите ќе дојдат за да се потпишат и да ме условуваат за кворум“.
Никола Мицевски, кооридинатор на ВМРО-ДПМНЕ вели дека предложиле на посебна седница да бидат одделени и ставени Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата; Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, февруари и март 2021 година; Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата од КОВИД-19 заради исплата на платите за февруари и март 2021 година и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.
Тоа го предложивме откако денеска на редовната координација стана јасно дека парламентарното мнозинство нема да има 61 пратеник на утрешната седница, а со цел да им се помогне на граѓаните и на стопанството зашто роковите за законите се одамна поминати-рече Мицевски.
Comments are closed for this post.