Mинистерот за надоворешни работи Бујар Османи денеска со табла и креда црташе и објаснуваше колку е добро да ги ставивме Бугарите во Устав.
Како учениче кое моли за преодна двојка пред професорот што испрашува од најтешкото, министерот на „Северна“ не успеа никого да убеди дека само ова да го направиме и сме пред портите на рајот, т.е на ЕУ.
Мислам дека и самиот не верува во она што го пишува бидејќи доволно е само да се слушнат изјавите на претседателот на Бугарија Радев, неговата заменичка Јотова, па едно чудо премиери, веќе и не ги паметите како се викаат.
Тие се јасни, внесувањето на Бугарите е само почеток, а не крајот на барањата, т.е отстапките кои Македонија ќе мора да ги направи кон Бугарија. Сега ќе биде Уставот, после Илинденското востание за кое ќе мора да прифатиме дека е бугарско.Впрочем тоа ни го порача Радев во честитката за 2 август.
А тоа дека освен Бугарите друг услов немало Бујар нека им кажува на неговите во Мала Речица. Целиот Договор за доброседство на Заев и Борисов во кој има „само“ заедничка историја , која во бугарски превод е бугарска го има во преговарачката рамка и целиот францунски предлог.
Затоа не е само до таблата, за да бидеш како Вучиќ мораш да ги штитиш македонските, како што тој ги штити српските интереси. Згора на тоа Вучиќ пишува на дигитална кинеска табла а ти на обична, училишна. Значи и во таблите не сте исти.
Затоа препорачуваме израелските „пиарџии“ кои ја прават стратегијата на владата на ДУИ и на нивното братче СДСМ, но и на Вучиќ, да ви ги вратат парите.
Вучиќ има со што да се пофали…
Comments are closed for this post.