По ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент, поранешниот министер  за надворешни работи Никос Коѕијас, кој преговараше за Договорот, на Твитер напиша:

Триумфираше политиката на мирот. Сега мора итно да ги прифатиме, заедно со нашите пријатели во Северна Македонија, сите оние позитивни мерки предвидени во Преспанскиот договор, нашата заедничка иднина. Зоран и Никола, историјата е училиште, а не затвор. Заедно, застанавме на вистинската страна на историјата, порача Коѕијас.