Со предложениот Закон за ЈО уште еднаш се прави обид за кршење на Уставот во делот на статутот и принципите на ЈО, рече Универзитетскиот професор Александар Климовски.

Прв пат тоа се случило со носењето на Законот за СЈО, а сега според Климовски се прави обид за негово инсталирање во новиот Закон претварајќи се во репресивна алатка за исполнување на цели.

– Да бидеме искрени. Причините за носењето на законот се со цел да се девастира ставот на Врховниот суд од 30 јануари 2019 година со кој СЈО повеќе не е овластен тужител за преземање на предмети и истражни дејствија, тоа е првата скриена намера и второ е кадровскиот потенцијал на СЈО да продолжи да работи во ЈО за организиран криминал и корупција