Спрегата Обвинителство, Суд и СДСМ не престанува и за време на локалните избори. На советничката листа на СДСМ за Општина Карпош се наоѓа Катерина Тунџева. Нејзиното име воопшто не е познато ниту пак предизвикува внимание.
Но, таа е ќерка Борис Тунџев кој е омилен вештак на Обвинителството. Тој го вршеше вештачењето во случајот „Топлик“ за комплексот „Сончев Град“ и покрај забелешките од страна на одбраната на обвинетите дека има конфликт на интереси и оти неговото вештачење не смее да биде дел од листата на докази.
За одбраната беше спорно неговото вештачење бидејќи Тунџев бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар а во моментот кога го правел вештачењето лиценцата му била истечена.
Но, судеијата Шабани тоа не го зеде во предвид и го прифати како валидно неговото вештачење.
Comments are closed for this post.