Премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста следната недела повторно да седнат на заедничка маса со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за да разговараат за законот за јавно обвинителство.
Тоа Заев го најави од Вашингтон откаде испрати порака дека е убаво да се најде решение ако се гледаат интересите на државата.
Јас се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција. Како секаде во регионот, така и во нашата земја има потреба од таква работа, каде што на предлог на опозицијата би се предложил обвинителот. Верувам дека и тука ќе продолжиме да разговараме-изјави премиерот за „Гласот на Америка“.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски начелно не отфрли разговор, но како што претходно најави нема да отстапат од своите барања за избор на Обвинител кој темелно ќе ги испита сите случаи на корупција без разлика кога се сторени, вклучително и последниот случај „Рекет“.
Comments are closed for this post.