Апелацискиот суд во Скопје донел одлука со која предметот за смртта на малиот Алмир Алиу во Куманово, го врати на повторно судење, објави Порталб.мк.

Во овој предмет на шест години затвор беше осуден кумановецот Бобан Илиќ, кој се товареше за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Условна казна од шест месеци затвор, со првостепената пресуда, доби татко на Алмир, Седат Алиу, кој уште со двајца други, во истиот случај беше обвинет за насилство бидејќи критичната вечер го нападнале по Илиќ во кумановската болница.

Илиќ првично се товареше за убиство со умисла, но на рочиштето за завршните зборови обвинителството го преквалификуваше делото во сообраќајна несреќа со смртни последици.

Како објаснување за ваквиот чекор од обвинителството тогаш го посочија тоа што кога било покренато првичното обвинение за убиство со умисла, доцнеле вештачењата – психијатриското и техничко-сообраќајното. Како што наведе тога обвинителката, пред да се случи прегазувањето на малиот Алмир што се гледа на снимката објавена во јавноста, Бобан Илиќ и неговите брат и девојка биле физички нападнати и им го оштетиле автомобилот, но тој дел од снимката не бил објавен јавно. Девојката која била со двајцата браќа, се јавила и во полиција за да побара помош.

Овој случај покрена лавина реакции во јавноста и јавнообвинителската фела, се организираа и протести пред Владата, а претходниот министер за правда Билен Саљији си поднесе оставка повикувајќи се на овој случај.

Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година, по банална расправија во болницата.