Марјанче Стојановски, градоначалникот на општина Демир Хисар, кој вчера беше повикан на информативен разговор во полициска станица поради заканите кон вработените, рекол дека снимката која се појавила на интернет е од протест во основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар кој се случил во средината на јануари, годинава.

Упатената закана од Стојановски, отвора сомнеж за тоа дека МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството.

По насока на Јавно обвинителство во Битола, Стојановски по разговорот е пуштен од полициската станица, а во врска со овој случај ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување, велат од МВР.

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Петходно работел во Министерството за внатрешни работи.

Стојановски е втор градоначалник на СДСМ кој завршува приведен, по градоначалникот на Ново Село кој заврши во затвор за нелегално криумчарење на цигари, акција во која беше фатено целото негово семејство, вредна милиони евра.