Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вчера изјави дека на  седница за изгласување на петтиот пакет мерки закажана за в недела сите 44 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни. На 32-та седница на Собранието нема да присуствуваме.

На утрешната седница во Собранието сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни во Собранието. Доколку немаат мнозинство владејачките партии, ете 44 пратеници ќе бидат во пленарната сала, па дајте да го изгласаме овој петти пакет на мерки. За 32-тата седница нема да бидеме внатре. Работата на претседателот е да констатира дали има кворум или нема за 32-тата седница и доколку нема ја прекинува, ја презакажува за некој нареден период и преоѓа на следната. Дајте луѓе да ги изгласаме петтиот пакет мерки, ме среќаваат луѓе на улица помош бараат“, рече Мицевски.