Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во „излив“ на чувство за добрососедство неодамна се закани дека ќе ги испрати своите инженерци или подмладокот на својата партија ВМРО-БНД во Македонија за да ги урнат спомениците посветени на Втората светска војна. Му пречи нивната содржина во делот кој говори дека македонските револуционери биле жртви на „бугарскиот фашистички окупатор“.

Оттука и прашањето дали Каракачанов, на пример, ќе го урне и споменикот посветен на првоборецот Периша Савелиќ? Спомен обележјето се наоѓа наспроти супермаркетот „Веро“ во скопско Ново Маало.

Текстот не ја содржи фразата „бугарски фашистички окупатор“, туку стои дека истакнатиот првоборец бил обесен во централниот затвор во Софија. Или, можеби и овој факт делува иритирачки на Каракачанов?