Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека правниот тим на ВМРО ДПМНЕ и правната комисија ќе ги разгледа сите можности за проценување на постапката во Собранието за Законот за Јавното обвинителство.
Додека јас бев пратеник ваква работа не се случи односно не се случило Закон не биде изгласан и потоа претседател на Собрание да каже ќе го повториме гласањето, ова не важи, затоа што не ни одговара. Првпат сум сведок на ситуација во којашто Законот не е изгласан и се повторува гласањето за пет минути. Секако, Уставниот Суд е една институција која што мора да се изјасни по однос на оваа работа затоа што немаше јасно изразена волја и не беа постигнати бројките. Доколку постојат и други инструменти денес нашиот правен тим секако дека ќе ги каже, рече Николоски.
Потпретседателот Николоски го коментираше и ставот на функционери од Брисел кои велат дека е добро што овој закон е донесен во пресрет на можноста да се добие датум за преговори.
Кој било функционер надвор од Македонија секако дека ги гледа резултатите, а резултатот е дека законот е изгласан, а каква е содржината за законот е нешто што ќе се цени доколку и ако се отворат преговори. Тие во моментот гледаат дека законот е донесен, честитаат како и за било кој друг договор претходно. Она што ме загрижува во однос на овој дел, мислам дека како што ќе доаѓаат изборите ќе има поларизација на нашите поддржувачи од една страна социјалистите, од друга страна десничарите од Европската народна партија. Тие пораки биле злоупотребувани во минатото, не гледам дека нема да бидат злоупотребувани и во кампањата, рече Николоски.
Comments are closed for this post.